За да се постигне добар квалитет и прецизност во производството на дограма, покрај технолошкото усовршување на профилите, голема улога игра и оковот. Оковот претставува збир на механизми кои обезбедуваат прицврстување и отворање на подвижните делови на прозорците. Квалитетниот оков овозможува рамномерно прилагодување на деловите за отворање околу целиот обем, со што се подобрува топлинската и звучната изолација. Квалитетот на конструкциите на прозорците зависи директно од секоја завртка и прицврстување. Затоа, механичките делови се изложени на големо абење и трошење. Добрите механизми обезбедуваат непречено функционирање на вратите и прозорците во секое време и овозможуваат долг работен век.
Во нашите профили и системи вградуваме механизми(окови) од германскиот производител SIEGENIA. Главна карактеристика на механизмите се:
изработени од композитни материјали кои спречуваат триење на метал во метал, кои можат да издржат тежина до 130 кг.
механизмот овозможува отворање на прозорците и на хоризонтална и на вертикална оска
сите механизми совршено се вклопуваат така што нивниот видлив дел е покриен со украсни капачиња што можат да се направат во различни бои
Површината на сите механизми на SIEGENIA има двослоен антикорозивен слој според ISO 9227